Велешанец прeтeпaл сограѓанин со шипка и му го уништил автомобилот

t

Синоќа околу 21.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле 40 годишниот С.Б. од Велес, кој околу 20.00 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес со метален предмет го нападнал 20 годишниот Д.А. од Велес, по што оштетил и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.М. од Велес.

Како што информира Ристо Самарџиев од СВР Велес, 40 годишниот С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…

Помалку познати факти за Гемиџиите од Апасиев…

ЗА ГОДИШНИНАТА ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ НА ГЕМИЏИИТЕ…

Станала директорка со лажен сертификат за познавање…

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање…

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра…

Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење…