„Градски паркинг“ ги намали цените за паркирање во Скопје
Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје денес донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 01.03.2022. Со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.
-Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час. Со усвојување на оваа одлука на УО на ЈП „Градски паркинг“, се потврдува и реализира ветувањето за поевтин паркинг за скопјани, информираат од ЈП Градски Паркинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…