Ковачевски: Документи кои се разменуваат со Бугарија, ќе бидат објавени кога ќе бидат конечни и кога ќе биде утврдена конечната рамка која ќе претставува пат до решавањето на спорот
„За јазикот и идентитетот ниту се разговара, ниту преговара, ниту ќе се преговара во иднина”, истакна премиерот Ковачевски во интервју за Националната радиотелевизија, и додаде дека во овој момент постојат само работни документи кои се разменуваат со Република Бугарија, а кои ќе бидат објавени кога ќе бидат конечни и кога ќе биде утврдена конечната рамка која ќе претставува пат до финално решавање на спорот кој го имаме со соседната земја.
Тој потврди дека во однос на самите разговори, ние имаме јасно изградени позиции во Собранието на нашата држава коешто е поддржано од сите политички партии и тие позиции се јасни и за Владата и за Собранието, политичките партии и сите граѓани.
„Нашиот јазик е јасно впишан во Обединетите нации, и исто така јасно впишан во документите на ЕУ”, кажа премиерот Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…
Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…
Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…
При обработени 98,99 отсто од записниците во…
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Бугарија оди во втор круг: Јотова и…
Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…