Објавено на:

Пак ја заобиколи Македонија: Гугл вложува милијарда долари во телекомуникациска компанија во Индија

t

Ова вложување на компанијата ќе и донесе околу доминација од околу 75% на индискиот пазар на паметни телефони. Американската технолошка компанија „Google“објави дека ќе вложи до милијарда долари во индиската телекомуникациска компанија „Bharti Airtel“, јавува АА.

Во соопштението на „Google“ се вели дека компанијата продолжува да инвестира во дигиталниот систем на Индија.

Компанијата во 2020 година основа „фонд за дигитализација“ за Индија, а се наведува дека во „Bharta Airtel“ како дел од тој фонд ќе се инвестираат до милијарда долари.

Во соопштението на „Bharti Airtel“ се вели дека целта на инвестицијата е да се обезбеди достапен пристап до паметни телефони во различни ценовни рангови и да се развијат „5G“ и „cloud“ услугите.

„Google“ објави во 2020 година дека планира постепено да инвестира десет милијарди долари во Индија во текот на пет до седум години како дел од својот „фонд за дигитализација“.

Во јули 2020 година, компанијата објави дека ќе инвестира 4,5 милијарди долари во најголемиот индиски оператор „Jio“.

Се вели дека инвестицијата на „Google“ во „Bharti Airtel“ по онаа во „Jio“ ќе донесе доминација на околу 75 отсто од индискиот пазар на паметни телефони, пренесе Аваз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова несреќа: Седуммина загинати во пад на…

Цивилен хеликоптер се урна денес во северната…

Бројот на жртви во падот на Боингот…

Бројот на жртви во падот на авионот…

Прва снимка од преживеаниот во авионската несреќа…

Едно лице го преживеа падот на патничкиот…

Пронајдени се 204 тела од уривањето на…

Индиските власти соопштија дека се пронајдени 204…

Македонското МНР со сочувство до Индија по…

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…