Британска анализа: Ако се воведат санкции, Европа ќе изгуби многу повеќе од Русија

t

Сериозни санкции на рускиот увоз на нафта и гас не се веројатни, доколку бидат воведени, Европа ќе изгуби многу повеќе од Русија, тврдат експертите на британската аналитичка компанија Вортекс.

„Околу 34 отсто од европскиот увоз на сирова нафта од офшор минатата година доаѓал од Русија, а рафинериите во Италија, Холандија, Шпанија и Франција би биле најзагрозени ако снабдувањето со тој енергетски ресурс прекине“, велат аналитичарите на Вортекс.

Според нивниот извештај, Европската Унија „во последните неколку години не ја намалила зависноста од руската нафта“, а во најлош случај, „на Европа би ѝ било многу потешко да ги надомести количествата и нивоата на нафта изгубени поради прекинот на испораките од Русија отколку на Руската Федерација да најде алтернативни купувачи или да го намали својот извоз“.

Во екстремно сценарио Европа би морала да најде излез за да ја избегне загубата од околу 2,4 милиони барели дневно (просекот од 2021) руска сирова нафта, се наведува во извештајот. „Тоа изгледа како невозможна задача имајќи ја предвид актуелната ситуација со глобално ниските залихи на сирова нафта и намалувањето на довербата на произведувачите од ОПЕК на Блискиот Исток во способноста за зголемување на производството“, се наведува.

Се додава дека недостигот од руска нафта во Европа би можел да биде влошен и со недостигот од дизел гориво од Руската Федерација. „ЕУ е најголемиот увозник на руско дизел гориво: во 2021 во ЕУ се носеле над 85 отсто од вкупниот руски извоз на тоа гориво“.

Се истакнува дека при недостиг од дизел Европа со помош на други добавувачи „би требало да пополни празнина во горивото во количество нешто поголемо од комбинираните текови на дизел горивото од Северна Америка, Блискиот Исток и Азија пред пандемијата“.

„Геополитичките тензии околу украинската криза меѓу Русија и не баш кохерентниот американско-европски конгломерат растат, а зборот „санкции“ сè повеќе се користи. Но, гледајќи ги податоците, јасно е дека значителни санкции на рускиот извоз на нафта и гас веројатно нема да бидат воведени. Ако тоа се случи, Европа би изгубила многу повеќе од Руската Федерација“, заклучуваат експертите на Вортекс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…

Макрон: Ако победи Русија, следната секунда не…

Способностите и дострелот на руските балистички ракети…

Русија распиша потерница и за командантот на…

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…