Британска студија: Откриени скриени оштетувања на белите дробови кај пациентите со продолжен ковид

t

Некои од пациентите со продолжен ковид, може да имаат скриено оштетување на белите дробови, покажа научната студија спроведена во В.Британија.

Научниците користеле нов метод на снимање со гасот ксенон за да откријат абнормалности на белите дробовиу кои не се идентификуваат со рутинско снимање.

Во испитувањето фокусот бил на 11 луѓе на кои не им била потребна болничка нега кога прв пат добиле ковид, но почувствувале недостаток на воздух и отежнато дишење во почетните симптоми на инфекцијата.

Трудот се зансова на претходна студија во која биле проучувани пациенти со ковид кои биле примени во болница.

Научниците велат дека резултатите од студијата фрлаат малку повеќе светлина на појаснувањето зошто недостатокот на воздух е чест симптом кај пациентите со продолжен ковид, иако причините за недостаток на воздух често се и многу посложени.

Продолжениот ковид се однесува на низа симптоми кои траат со недели по инфекцијата со коронавирусот и не можат да се објаснат со други причини.

Тимот составен од научници од Оксворд, Шефил, Кардив и Манчестер, во студијата направил споредба на резултати од снимање во кое бил користен гас ксенов и други тестови за функцијата на белите дробови кај три групи на луѓе – лица со продолжен ковид и со отежнато дишење кои не се примени во болница, лица кои биле примени во болица со ковид, но долго немале ковид и здрави лица како контролна група.

Сите учесници вдишувале гас ксенон во текот на снимањата со магнетна резонанца. Овој гас се однесува на сличен начин како кислородот, но може визуелно да се следи во текот на снимањето, така што научниците можеле да „видат“ како се движи низ белите дробови и низ крвотокот.

Истражувачите откриле дека за повеќето луѓе со продолжен ковид преносот на гас бил помалку ефикасен отколку кај здравите луѓе од контролната група.

Луѓето кои биле примени во болница поради ковид имале слични абнормалности.

Специјалистката за пулмологија, д-р Емили Фрејзер вели дека е фрустрирачко кога на луѓето што доаѓаа во болница како лекари не можат да им објаснат зошто остануваат без здив и имаат отежнато дишење бидејќи ренгенските снимки не покажуваат абнорналности.

„Ова е важно истражување и навистина се надевам дека ќе фрли поголема светлина на овон проблем“ – потенцира д-р Фрејзер.

Коавторот на студијата, професор Фергус Глисон ја потенцира важноста на ова истражување.

„Постојат важни прашања на кои треба да дадеме одговор, како што е тоа колку време пациентот со продолжен ковид ќе има абнормалности, значењето, причината за тие абнормалности и нивните долгорочни последици. Кога ќе ги сфатиме механизмите што ги покренуваат овие симптоми, ќе бидме во подобра позиција да развиеме и поефикасни третмани“ – истакнува професорот Глисон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…