Албанија и Косово формираат територијално-административен ентитет

t

Откако парламентите на Албанија и на Косово ќе го ратификуваат „Договорот за правилата на режимот на локалниот граничен сообраќај“, ќе се формира територијално-административна единица, 30 километри во Албанија и 30 километри во Косово, пишува „Коха“.

Станбените центри на граничната област се дефинирани со Протоколот за спроведување на тој договор, кој го потпишаа владите Косово и Албанија на 26 ноември минатата година. Со цел да се олесни локалниот сообраќај, ќе бидат отворени осум нови премини, пишува приштинскиот весник.

Во извештајот на албанската влада до тамошниот парламент се наведува дека договорот е започнат за да се олесни локалниот граничен сообраќај во рамките на заедничките обврски на двете влади, со цел да се поедностават процедурите и мерките поврзани со режимот на локалниот граничен сообраќај и дозволите за оваа намена долж граница.

Овој договор има за цел да го олесни движењето на жителите од пограничната област, кои имаат право да престојуваат во граничниот појас на другата страна, под услов времетраењето на нивниот престој да не биде подолго од 90 дена во рок од 180 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…

Уште еден скандал излегува на површина под…

Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…

Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…

Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…

Европската централна банка се подготвува за ново…

Европската централна банка се приближува кон ново…

Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…

Се чини дека Украина полека ја губи…