Артан го чешла АРМ: Инспектори истражувале за двојазичност, правична застапеност, барале класифицирани информации од припадници на министерството за одбрана

t

Вистинска драма се случува изминатава недела во подрачните единици на министерството за одбрана во Југозападна Македонија, но и Струмица.

Имено поголема група на инспектори, но и припадници на министерството за одрбана испратени од министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде прв човек е Артан Груби барале класифицирани информации од подрачните единици на министерството за одбрана.

„Инспекторите’ на Груби барале одговори зошто не се користи двојазичноста во овие подрачни единици на министерството меѓутоа и информации за правичната застапеност од 20 проценти на Албанците во Армијата на Република Македонија.

Токму овие податоци за етничкиот идентитет на припадниците на АРМ како и нивната застапеност, но и дрскоста на луѓето на Груби биле каменот на сопнување во комуникацијата бидејќи истите информации се класифицирани како Државна Тајна.

Во тензична атмосфера и повишен тон на припадниците на министерството за одбрана, инспекторите се заканиле со првиот вицепремиер, односно со името на Груби.

Најголем проблем од подрачната единица на министерството за одбрана имале со својот колега кој имал сертификат за строго доверливо, но податоци од подрачните оделенија се документи со ознака државна тајна. Притоа тој им се заканувал на колегите од Битола, Прилеп и Струмица ако не достават документи и не ги сликаат печатите од подрачните министерства за да се увери дали се двојазични дека ќе останат без работа.

Вчера Алсат објави, а Инфомакс пренесе дека Секретаријатот за законодавство при Владата дал позитивно мислење за употребата на албанскиот јазик на полициските униформи. Документот обезбеден од Алсат се однесува на барањето доставено до Владата на 10 август 2020 година, со кое се бара мислење за употребата на Законот за јазиците во полициските униформи.

Сепак во текстот на Алсат покрај за полициските се говори и за униформите на АРМ. Очигледно власта на Димитар Ковачевски планира до крај да го спроведе проектот за бинационална држава, со федеративни примеси, проект кој започна Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…