(Видео) Средба на Ковачевски со Стјуарт Пич: За што се разговарало?
Од Владата соопштуваат дека Премиерот остварил средба со сер Стјуарт Пич.
Ова е цоопштението од Влада:
“Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
На средбата премиерот Ковачевски и специјалниот пратеник на премиерот Борис Џонсон, Стјуарт Пич, разговараа за натамошниот развој на силните и цврстите билатерални односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.
Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство, инаку поранешен шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство и командант на Воениот комитет на НАТО, ја пренесе силната посветеност на Лондон за евроатлантската интеграција на Западен Балкан, како и на поддршката на неговата земја за промовирање силни, стабилни демократски институции и отворени општества.
Премиерот Ковачевски на средбата го истакна како особено значаен придонесот на Обединетото Кралство во поддршката на Северна Македонија и на Западен Балкан во унапредувањето на условите за безбедност, стабилност и просперитет во земјата и во регионот.” – стои во соопштението од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со…
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се…
Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и…
Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и…
Зеленски и Трамп би можеле да се…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател…
Кремљ се надева на уште една средба…
Кремљ денеска соопшти дека се надева на…
Кремљ: Нема потреба од средба меѓу Трамп…
Моментално „нема потреба“ од средба меѓу американскиот…