ФБИ: Кина е посериозна закана од кога и да било досега
Заканата што кинеската влада ја претставува кон Западот е „похрабра и поштетна“ од кога било досега, изјави директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кристофер Реј, обвинувајќи го Пекинг за кражба на американските идеи и иновации и за лансирање масовност хакерски операции.
Во синоќешниот говор во претседателската библиотека на Роналд Реган, Реј истакна дека САД продолжуваат да ја сметаат Кина за нејзина најголема закана за долгорочната економска безбедност, дури и во време кога тензиите меѓу Русија и Украина се во фокусот на американската надворешна политика.
„Кога ќе го собереме она што го гледаме во нашите истраги, од кои над 2.000 се фокусирани на кинеската влада која се обидува да ни ги украде информациите или технологијата, едноставно нема земја што претставува поширока закана за нашите идеи, иновации и економска безбедност од Кина. “, рече Реј, според транскриптот од говорот обезбеден од ФБИ.
Според него, ФБИ отвора нови случаи на секои 12 часа со цел да се спротивстави на кинеските разузнавачки операции, при што хакерите на кинеската влада крадат повеќе лични и корпоративни податоци од сите други земји заедно.
„Штетата од економската шпионажа на кинеската влада не е само тоа што нејзините компании напредуваат врз основа на нелегално стекнати технологии. Како што напредуваат, нашите компании и работници се туркаат во втор план“, рече Реј.
Кинеските владини претставници постојано ги негираа обвинувањата на американската влада, а портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон минатиот јули изјави дека Американците „извршиле неосновани напади“ и злонамерни клевети за кинеските сајбер напади, пренесе Танјуг.
Во соопштението Кина е опишана како „упорен бранител на сајбер безбедноста“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…