ЕУ со милијарда евра ќе ја помага демократијата во Украина

t

Европската комисија предлага да итна макрофинансиска помош во износ од 1,2 милијарди евра за Украина откако претседателката фон дер Лајен разговараше со украинскиот претседател, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Предлогот за да се оствари треба да биде усвоен од страна на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент.

Европската комисија нуди долгорочни заеми со поволни услови за Украина кои треба да се искористат за макроекономска стабилизација на земјата во контекст на „геополитичката неизвесност“ во која се наоѓа земјата поради конфликтот со соседна Русија.

Комисијата бара од Советот и Парламентот брзо да го усвојат овој предлог за да може веднаш првата транша од 600 милиони евра да и биде ставена на располагање на Украина, додека втората транша ќе биде условена со неколку критериуми.

Од 2014 Европската унија и помогнала на Украина со повеќе од 17 милијарди евра во облик на заеми и грантови, од кои пет макрофинансиски програми за спроведување на реформите поврзани со владеењето на правото, борбата против корупцијата и подобрувањето на бизнис климата.

Со овој предлог Европската комисија сака да испрати сигнал дека ја поддржува Украина во овој период на тензии со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

Фински функционер открива: Какво е расположението за…

Идејата за испраќање трупи за поддршка во…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Нова заканувачка изјава на Медведев: НАТО нѐ…

Во случај Украина да користи ракети со…

68% од граѓаните би гласале ЗА членство…

68% од граѓаните на Република Македонија позитивно…