Мерката во училиштата за отворање на прозори за заштита од ковид е комична, владата на СДСМ нема национална здравствена стратегија

t

Претседателот на СОНК Јаким Неделков во вечерашното интервју во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ вели дека од страна на комисијата за заразни болести воопшто не се прашани за протоколите и мерките, за тие како синдикат да дадат свој суд што е а што не е спроведливо во училиштата, нагласувајќи дека мерката отворање на прозор е комична.

Училиштата се воспитно образовни установи каде што се образува и воспитува. Овде се сретнуваме со многу сериозен здравствен проблем каде што вработените во училиштата освен тоа што професионално го работат имаат дополнителен ангажман да ги спроведуваат препораките, мерките и протоколите. Колку е тоа успешно, јас не сум сигурен, но од аспект дали е тоа и физички возможно, дали се доволно обучени луѓето, па и на крајот на краиштата дали имаме доволно број на луѓе, кадар кој што тоа може да го направи, истакна тој.

Релативно добро е ставено на хартија како сето тоа треба да се спроведи, меѓутоа во практиката е нешто друго. Од тој аспект јас на почетокот кажав до сега ниту сме консултирани, ниту сме прашани, а ниту пак сме учествувале во давање свој суд или мислење да помогнеме на Комисијата за заразни болести, да кажеме ова е спроведливо или е неспроведливо, па да најдеме начин кој што ќе ни помогне нам за да ги спроведуваме препораките. И навистина малку комично изгледа со отворање на прозорците дали ние се заштитуваме од вирусот или пак можеме да се заболиме од други болести, дециден е Неделков.

Претседателот на СОНК Неделков, вели дека актуелната влада на СДСМ нема национална здравствена стратегија за спречување на ширењето на пандемијата, посочувајќи дека дополнително иритира фактот дека има приватни тестови, а нема тестови преку Фондот.

Во секој случај мое лично мислење е дека актуелната влада нема некоја национална здравствена стратегија за спречување во борба со оваа пандемија. Финансиите воопшто не треба да бидат проблем за ваква работа без разлика колку и тоа да чини, мислам дека мора да се одвојат онолку средства колку што се потребни. Исто така иритира фактот што приватни тестови има колку што сакате, а преку Фондот тестови нема, или преку матичниот лекар се закажува после месец дена откако ќе се прележи, вели Неделков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…