Уапceн лидерот на СДП откако му „врзал“ шамар на полицаец
Припадници на косовската полиција денеска го уапсија лидерот на Социјалдемократската партија (СДП), Дардан Моличај, по кој се трага од саботата, кога му удри шлаканица на полицаец во знак на протест против поскапувањето на струјата, јавуваат приштинските медиуми.
Моличај е уапсен пред студиото на телевизијата Т 7 , каде што требало да гостува во емисијата Пресинг.
Цивилните и службените автомобили на косовската полиција го чекале Моличеј да пристигне пред студиото , а потоа го привеле.
Непосредно пред апсењето Моличај се расправал со полицајците од кои побарал налог за апсење, пренесува Косово онлајн.
Бидејќи потерницата не му била доставена, тој наводно давал отпор.
Полицијата денеска им одреди притвор на активистите на СДП Адем Маџуани, а СДП излезе со соопштение во кое бара Маџуани да биде ослободен.
Моличај во понеделникот рече дека не бил повикан на сослушување и дека е подготвен да преземе одговорност за тоа што се случило.
Тој нагласи дека полицијата потфрлила на саботниот протест бидејќи, како што рече, не им го расчистила патот на демонстрантите, туку ги „влечела и туркала“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…
Косово прогласи српска министерка за персона нон…
Министерката за државна управа и локална самоуправа…