Српската премиерка открива: Се уште има опасност од атентат на Вучиќ

t

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека се уште не е отстранета опасноста од атентат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– За тоа комуницираме и со земји надвор од Европската Унија. Тоа се уште не сме го спречиле, борбата се уште трае и опасноста не е отстранета, изјави таа за српски медиуми.

Брнабиќ рече дека е невозможно лидерот на „кавачкиот клан“, Радоје Звицер , кој е осомничен дека е вмешан во организирањето на атентатот на претседателот на Србија, да биде „толку силен“ без поддршка од државниот врв.

– Невозможно е некој од Црна Гора да не знаел за Звицер и да не го спречил. Јас не верувам во тоа, рече Брнабиќ.

Таа претходно кажа дека известувањето дека се подготвува атентат на претседателот на државата е добиено од Европол, преку една членка на Европската Унија, со временска рамка која била планирана за првата половина на февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…