(Вознeмирувачки фотографии) Cмpзнале до смрт: Пронaјдени тела на 12 мигранти во близина на границата помеѓу Турција и Грција

t

Турските власти пронајдоа 12 тела за кои се верува дека се тела на мигранти кои се смрзнале откако биле вратени во Турција, во близина на турската граница со Грција, јавува АП, повикувајќи се на изјава на турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Тој напиша дека станува збор за 12 од 22-та мигранти што грчките граничари ги вратиле во Турција, додавајќи дека телата на мигрантите биле пронајдени во близина на граничниот премин Ипсала меѓу Турција и Грција, без чевли и облека.

Сојлу ги обвини грчките гранични единици дека се однесуваат сурово, а Европската унија е мека кон Грција.

Турција често ја обвинува соседна Грција дека илегално ги потиснува мигрантите кои сакаат да преминат во Европа, што Грција го негира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Официјално: ТУРЦИЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ!

Турција официјално ја одобри екстрадицијата на првоосомничениот…

Спречен терористички напад во Турција: Уапсени седуммина…

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…