Ердоган во посета на Украина: Ќе ги смирува со Русија

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе престојува во посета на Украина и, како што е најавено од неговиот кабинет, ќе се обиде да ги смири растечките тензии со Русија. Советникот за надворешна политика Ибрахим Калин деновиве изјави дека Ердоган ќе разговара со претседателот Володимир Зеленски, но и дека ќе остане во близок контакт со Русите. „Турција останува на располагање за секоја улога што може да ја одигра во намалувањето на тензиите меѓу Русија и Украина“, рече Калин.

Турција која е членка на НАТО не ја призна руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година. Тензиите меѓу Западот и Русија се зголемуваат во последните недели поради стравот на западните земји од руска инвазија на Украина. Инаку, во рамките на посетата на Ердоган на Украина ќе се одбележи и 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Анкара и Киев. Предвидено е и потпишување договор за слободна трговија меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…