Ѓорѓиевски: Ја запревме урбаната мафија – Расадник ќе оди на меѓународен конкурс
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на својот Фејсбук профил објави интервју за порталот Вечер.
Ова е неговиот Фејсбук статус:
“Во новиот број на весникот ,,Вечер”, на деветтата страна се наоѓа моето интервју.
Разговараме за спорните ДУП-ови во рамки на проектот ,,Стоп за урбаната мафија”, за стопирањето на изградбата на 99 згради во Расадник, така скроен за целосна бетонизација и задушување на граѓаните на Кисела Вода, како и изнаоѓање идејно решение по пат на меѓународен конкурс, пракса која за првпат ја применува Кисела Вода после 57 години.
Исто така, граѓаните ќе бидат тие кои ќе го креираат новиот лик на Расадник.
Станува збор и за надворешната ревизија која ќе ја прочешла издадената документација и одобренија за градба од страна на претходните раководства на општината, како и проверка на зданијата кои се веќе во фаза на градба и за кои треба да се утврди дали се градат согласно издадените одобренија и проекти.
Урбаната мафија нема повеќе да раководи со општина Кисела Вода. Ќе ставиме крај на урбанистичкото дивеење и транспарентно ќе го градиме новиот имиџ на општината.”
Линк до интервјуто:
Расадник оди на меѓународен конкурс, жителите ќе го избираат ликот на идната населба
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…