Бугарските медиуми не’ избрукаа: Ковачевски нема да присуствува на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
“Утре, 4 февруари, кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, македонската страна нема да биде присутна на потребното политичко ниво на положувањето венец на бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.
Богослужбата ќе биде во црквата Свети Спас во Скопје.
Официјалното објаснување од скопските власти е дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачески се во посета на странство. Засега нема информации дека некој од нив ќе се врати порано за да учествува во заедничката богослужба.
Во бугарската делегација ќе има министри и заменици министри.
По потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство на 1 август 2017 година, премиерите на двете земји неколкупати положија венци пред гробот на Гоце Делчев и пред неговиот споменик во Благоевград.
Претседателот Стево Пендаровски во 2018 година во телевизиско интервју рече дека Гоце Делчев се изјаснил како Бугарин.
Вчера, сосема изненадувачки, копретседателот на Македонската историска комисија, Драги Георгиев, отворено повика на замрзнување на работата на комисијата.
Премиерот Кирил Петков минатата недела објави дека тој и неговиот колега Ковачевски се договориле до крајот на мај да има најмалку три состаноци на комисијата.
Кирил Петков на рочиштето во Собранието како одговор на прашање на поранешната дипломатка бр. 1 Екатерина Захариева најави дека се подготвува заедничка прослава на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.”
Пренесува БГНЕС.
Линк до веста:
https://bgnes.bg/news/skopie-otkazva-chestvane-na-gotce-delchev/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…