Народна банка донира месен нарезок

Народна банка на својот официјален веб сајт објави намера за давање на велкодушна донација од 75 месни нарезоци со тежина од 150 грама, по парче.
Како што се дознава од Народна банка месниот нарезок е говедски, а можат да го добијат само правни лица кои мораат да исполнат одредени услови.
Со оглед дека донацијата се прави поради некористење од страна на Народната банка може да се заклучи дека месниот нарезок е сосема нов и некористен, но сепак треба да се побрза да не му помине рокот.
На среќните добитници им честитаме и им посакуваме добар апетит, а се надеваме дека и други институции ќе го следат примерот на Народната банка па ќе донираат што имаат, кои бифтеци, кои рамстек, кои лешници.
Извор: Плус Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во Маџир Маало
Вечерва се запали стара и напуштена куќа…
Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…
Американското Министерство за финансии објави дека кинески…
Силен земјотрес воТурција!
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…
Ристовски: До крајот на идното лето пет…
Скопје до крајот на идното лето ќе…
Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…