Петков: Во Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не сакаат добрососедство и стабилност
Во Република Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност и ќе ја искористат секоја можност во наредните недели да го блокираат нашиот процес, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БНТ коментирајќи ги односите Софија-Скопје.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, „за надворешната политика во нашите односи, одговорни се премиерот Ковачевски и премиерот Петков“, пососчи бугарскиот премиер. Тој рече дека со Ковачевски се познаваат две недели, и сето она што е договорено било исполнето. Петков додаде дека „од нас зависи и ние ќе направиме се за да постигнеме добрососедство. Наведениот став го потврдивме и во разговорите“.
Според Петков, со проширувањето на односите – воведувањето пат, авион, железница до Скопје, одеднаш сите се поподготвени да разговараат за целата рамка на добрососедство.
Петков најави дека утре, по положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија со вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија, Владимир Крастевски, заедно со претседателот Румен Радев во 17.30 часот во Благоевград ќе одадат почит на споменот на Гоце Делчев.
На излегување од БНТ, премиерот Кирил Петков најави дека бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска ќе го посети Скопје и ќе одаде почит на раѓањето на Гоце Делчев. Тоа ќе го направи заедно со македонската министерка за култура
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…