Арсовска: Започнуваме со изградба на мега парк во Ѓорче Петров

t

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, во денешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за проектите за зголемувањето на градското зеленило кои беа најавени во предизборната кампања, Како Мега паркот кој ќе биде лоциран во општина Ѓорче Петров.
„Отпочнуваме со проекти како што е мега паркот во Ѓорче Петров којшто ќе се зголеми зеленилото во градот Скопје. Тој ќе биде на еден потег каде што имаше една огромна дива депонија која што беше болката на жителите од градот долги, долги години. И заедно во соработка со градоначалникот на општина Ѓорче Пертров успеавме да исчистиме. Сега сме во процес, на тој потег да има еден навистина прекрасен голем мега парк со дополнителни содржини нешто по урнекот сега што го гледаме во градскиот парк. Ќе биде место коешто ќе биде, верувам, центарот на движење и на релаксација на граѓаните од тој дел на градот“, истакна Арсовска

Арсовска додаде дека ќе се изградат вкупно пет мега паркови во пет различни скопски општини
„Имаме предвидено за време на мандатот пет вакви паркови да се направат на територијата на град Скопје. Тоа се пет мега парови со точно определени општини, сега разговараме со секој од градоначалниците, затоа што јас ги најавив, но потребна е координација, согласност со соодветниот скопски градоначалник. Јас верувам дека не постои градоначалник кој не би сакал да има еден таков мега парк во својата скопска општина. Отпочнуваме со Ѓорче Петров, и понатаму, за еко советот, сметавме дека тоа е единствениот начин на исто место да се соберат голем бррој на релевантни луѓе коишто којшто континуирано се бават со сите оние теми коишто се блиску поврзани со екологијата, но и урбанизмот, усрбаното планирање, сообраќајот…Сето она коешто би требало да се разреши од предизвиците кои што ги има, за да го постигнеме крајното решение, а тоа е да имаме чист град“, додаде градоначалниќката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…