Бугарската пропаганда не препознава ковид карантин: Радев и Петков заедно ќе го посетат Благоевград и ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев
Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе го посети Благоевград по повод одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот Румен Радев и покрај тоа што беше во карантин добил негативен тест, има бустер доза и ќе отпатува за Благоевград.
Промената на програмата ќе му овозможи и на премиерот Кирил Петков во исто време да биде во Благоевград заедно со претседателот Радев.
Со низа манифестации во Благоевград свечено ќе се одбележи годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во 17 часот од Судскиот совет ќе започне свечена поворка во спомен на Гоце Делчев, а во 17:30 часот е свеченото положување венци пред споменикот на Делчев на плоштадот „Македонија”. Во фоајето на Регионалниот историски музеј во градот ќе биде претставена изложбата „Бесмртниот апостол Гоце Делчев”.
Благоевград е поврзан со Гоце Делчев и неговото семејство. Таму се погребани неговиот татко и други негови роднини. Во Благоевград се спасени многу бегалци од Кукуш од почетокот на 20 век. По Гоце Делчев е именуван и градот Неврокоп во 1951 година, кад ешто има споменик на херојот во ослободителната борба за независна Македонија.
Во Софија, пак, денеска вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…