(Видео) Добивме уште еден датум: Ковачевски со порака по завршувањето на посетата на Брисел

t

Премиерот Димитар Ковачевски ја заврши дводневната работна посета во Брисел.

Во изјавата за медиумите тој истакнува дека лидерите на институциите на ЕУ се едногласни во поддршката за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија за отворање на поглавјата без одлагање.

Во изјавата, Ковачевски подвлекува дека иднината на Македонија е во европското семејство и дека тоа е иднина на највисоки демократски вредности, на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата и пат кој на младите им создава предвидливост и простор за развој.

“Почитувани граѓани,

Тукушто ја завршивме последната од серија средби тука во Брисел, во рамки на работната посета последниве два дена. Драго ми е што средбата со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен ја заокружи нашата агенда. Од Фон дер Лајен добивме јасно изразена поддршка за нашиот пат кон Европската Унија.

Овде во Брисел ги известив нашите партнери од Европската Унија за напредокот што го направивме заедно со Република Бугарија во продлабочувањето на добрососедската соработка. Јасна е и поздравена заложбата на двете земји за изнаоѓање решенија и интензивирање на дијалогот.

Низ разговори со нашите пријатели Шарл Мишел во Европскиот совет и Роберта Мецола во Европскиот Парламент, потврдена е отворената поддршка за одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Тука сите се едногласни дека Северна Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ веднаш.

Благодарни сме и за солидарноста покажана од страна на Европската Унија за време на целата пандемија. Низ кризите си покажавме што значи да сме Европејци и што значи за Северна Македонија да има потпора во најтешките моменти.

Нашата иднина е европска, демократска и современа. Тоа е иднината која се темели на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата. Тој е патот кој на нашите млади им создава предвидливост и простор за развој. Во тој контекст, го поздравивме Економскиот инвестициски план за Западен Балкан како значаен чекор кој ќе значи реализација токму на таквите стратешки проекти.

Посетата ја започнавме со заедничката прес-конференција со Генералниот секретар Јенс Столтенберг во НАТО. Заедно го потврдивме единството по прашањата поврзани со Украина, и потребата од деескалирање и решавање на прашањата со Русија по пат на дипломатија. Бидејќи ние сме НАТО, а НАТО е за мир и дијалог, за сигурност и безбедност.

Ја завршуваме работната посета со средбите со драгите пријатели во Европската Унија, домот на кој му припаѓаме. Се враќаме со силна поддршка која не мотивира да го интензивираме европеизирањето дома.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше…

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…