Црна Гора добива нова партија – Кој и зошто ја основа?
Министерот за финансии и социјала на Црна Гора, Милојко Спајиќ и министерот за економски развој Јаков Милатовиќ, ден по падот на Владата на Црна Гора најавија формирање на ново движење.
Спајиќ на Твитер изјави дека повеќе детали за оваа иницијатива ќе даде кога ќе се врати од службеното патување.
„Продолжуваме да се бориме за подобра, поправедна, побогата и вистински европска Црна Гора – земја на сите нас! Придружете ни се!“, порача Јаков Милатовиќ на Твитер.
По објавата говореше и државниот секретар Јанко Одовиќ.
„Еве одиме. Без национализам, без поделби, за подобар животен стандард на сите граѓани на Црна Гора. Дека Црна Гора е вечно богата и просперитетна. Тоа го гарантираме со резултатите“, напиша Одовиќ на Твитер, пренесува Дан.
Милатовиќ и Спајиќ претходно најавија дека ќе размислуваат за основање партија по падот на владата. Владата падна синоќа, откако Собранието изгласа недоверба на коалицијата „Црно-бело“, опозицијата и малцинските партии.
Jakov @JakovMilatovic i ja osnivamo pokret. Više detalja nakon povratka u CG sa službenog putovanja. Crna Gora ne može da čeka, Evropa Sad! pic.twitter.com/AIOvsAXiXF
— Milojko Spajić (@MickeySpajic) February 5, 2022