Големо засилување за Украина: Стасале 5000 војнички шлемови од Германија
Германија ѝ предаде на Украина 5.000 шлемови, а има сериозни ограничувања за испорака на оружје, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за „Вашингтон пост“.
„Најпрво Украина побара шлемови и ние одговоривме на тоа барање. Под два, постојат строги извозни критериуми до кои се придржуваме кога извезуваме оружје во кризните региони. „Постои долг континуитет на германските извозни ограничувања на оружјето, со кои се занимаваше претходната влада“, објасни Шолц.
Зборувајќи за можноста да се спречи пуштањето во употреба на гасоводот „Северен тек 2“, тој посочи дека Германија и нејзините земји се подготвени да ги „преземат сите неопходни мерки“ во случај на руска „инвазија“ на Украина.
„Имаме јасен договор со американската влада во однос на транзитот на гас и енергетскиот суверенитет на Европа. Веќе се договоривме да ја поддржиме Украина, интензивно да се бориме за транзит на гас низ Украина и дека ќе бидеме многу одлучни доколку тој гас е во прашање.
Апсолутно е јасно дека во таква ситуација сите опции ќе бидат на маса. Нема да навлегувам во детали, но нашиот одговор ќе биде единствен и дециден“, истакна германскиот премиер.
Да потсетиме, Олаф Шолц е во посета на Вашингтон, каде денеска ќе има средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Претходно германското Министерство за одбрана најави дека на Киев ќе му предаде 5.000 шлемови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…