Објавено на:

Дипломатска офанзива: Макрон на посета во Москва, Шолц во Вашингтон

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе пристигне во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, додека германскиот канцелар Олаф Шулц е во Вашингтон каде ќе разговара со американскиот лидер Џозеф Бајден.

Пред посетата на Москва, францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал со неговиот американски колега Џозеф Бајден, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Лидерите разговараа за дипломатските напори и мерките за воздржување што се преземаат како одговор на континуираната концентрација на руски воени сили на границата со Украина“, се вели во соопштението.

Бајден и Макрон ја потврдија својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тие се согласија да ги задржат своите тимови во контакт и да продолжат со консултациите со сојузниците и партнерите, вклучително и Украина.

Макрон во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, а во вторник ќе пристигне во Киев. Според францускиот лидер, целта на неговата посета на Русија е да се спречи ескалација и влошување на ситуацијата околу Украина. Кремљ посочува дека претседателите пред се ќе разговараат за безбедносните гаранции.

Во исто време, во Вашингтон ќе се одржи средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц. Американскиот помошник претседател за национална безбедност Џејк Саливан во интервју за Ен-Би-Си изјави дека тема на разговор ќе биде изнаоѓање алтернативни начини за испорака на гас во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…