Објавено на:

Спор меѓу Русија и Јапонија: Се изведувале вежби во туѓа територија

t

Владата на Јапонија упати протест до Русија по повод претстојните воени вежби на подрачјето на Курилските острови, изјави генералниот секретар на Владата, Хируказу Мацуно.

„Русија објави дека од 8 февруари ќе изврши престрелки во областа југоисточно од островот Кунашир. „Испративме протест до Русија преку дипломатски канали“, рече тој.

Зголеменото воено присуство на Русија на „северните територии“, како што во Јапонија се нарекуваат јужните острови на Курилскиот гребен, е неприфатливо и спротивно на ставовите на Токио, објасни Макуно.

Крајбрежната стража на Јапонија издаде предупредување за можна опасност од поморската пловидба во наведената област.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека соседите не треба да се грижат за воените вежби што ги спроведува Русија.

„Го продолжуваме процесот на воена изградба, воена обука, маневри и воени вежби на целата територија на Русија, вклучително и на Далечниот Исток. Овие воени вежби на никаков начин не треба да бидат загрижувачки за нашите соседи“, рече Песков.

Односите меѓу двете страни се влошуваат поради отсуството на мировен договор за резултатите од Втората светска војна.

Јапонија претендира на островите Кунашир, Шикотан, Итуруп и Хабомај, повикувајќи се на билатералниот Договор за трговија и граници од 1855 година. Токио го постави враќањето на тие острови како услов за склучување мировен договор со Руската Федерација, кој не беше потпишан по Втората светска војна.

Во 1956 година, СССР и Јапонија потпишаа Заедничка декларација. Советскиот Сојуз се надеваше дека Декларацијата ќе стави крај на спорот, но Јапонија сметаше дека документот е само дел од решението на проблемот и не се откажа од своите претензии кон островите. Последователните преговори не дадоа резултати и мировниот договор по Втората светска војна никогаш не беше потпишан.

Ставот на Москва се заснова на фактот дека јужните Курили станаа дел од Советскиот Сојуз по Втората светска војна и дека суверенитетот на Русија над нив, кој има соодветна меѓународна правна основа, не е доведен во прашање.

Во ноември 2018 година, во Сингапур се одржа средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе. Страните се согласија да го забрзаат преговарачкиот процес за мировен договор заснован на Советско-јапонската заедничка декларација од 1956 година.

Ова е сериозна отстапка на Јапонија, бидејќи досега нејзиниот официјален став беше – прво да се вратат четирите острови Кунашир, Итуруп, Шикотан, Хабомај, па дури потоа да се склучи мировен договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…