Почнете да движите пешки: Нов огромен раст на цените на горивата
Нов голем раст на цените на горивата. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за денар и половина, а дизелот за 2 денари. Тоа значи дека од ноќеска на полноќ литар бензин ќе се продава за 81, односно 83 денари. Цената на дизелот ќе биде 73,5 денари, со што се ближи до рекордот од пред 10 години кога се продаваше само за два денари поскапо.
Поскапувањето на горивата неминовно се пресликува и врз цените на многу други производи, па опозицијата смета дека токму Регулаторот може да го запре поскапувањето. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и одговорност од првиот човек на РКЕ бидејќи, според нив, ако се реагирало навреме кризата ќе била значајно помала. Од СДСМ велат дека се работи за светска криза.
Транспортерите уште минатиот месец алармираа дека се пред банкрот и бараат државата да ги следи примерите од регионот и да се откаже од дел од приходите во буџетот, зашто дури околу 40% од крајната цена на горивата се давачки на име на акцизи, даноци и такси.
Од Министерството за финансии за сега нема одговор на прашањето дали државата ќе се откаже од некои приходи за да го запре поскапувањето на горивата и да ги заштити граѓаните од нови ценовни шокови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…