Идентитетот бетон – Грчките хакери се зakaнија дека ќе ја избришат Македонија од интернетот: Државата демантира дека е хакирана, хакерите се фалат дека влегле и во Телеком и Народна Банка

t

Во интервјуто направено за Европската агенција за сајбер безбедност, „Моќната грчка армија“ се пофали дека извршила напади врз неколку министерства во нашата земја, Владата, како и македонскиот Телеком и Народната банка. Сите споменати хакерски напади беа демантирани од македонска страна, но во својата последна објава на Твитер, грчките хакери велат ќе ја избришат нашата земја од интернет просторот, пренесува Плусинфо.

– Покрај сите тековни превентивни мерки, дополнително првичната истрага за евентуалната недостапност од одредени географски локации надвор од Република Македонија во одреден временски период покажа дека нема наоди за прекин на достапноста на сајтот на Владата – велат за Плусинфо од владината прес-служба.

Хакерската група го опиша и својот начин на работење. Прво наоѓаат ранлива и незаштитена мета, а потоа упадот може да го направи секој, дури и просечен хакер. Крајна цел е добивање доверливи внатрешни информации кои натаму можат да се искористат за финансиска или некоја друга корист. За таа цел беа прикажани и видеоснимки за кои тие велат дека се од безбедносните камери од министерството за министерството за образование и наука, но и за ова следеше демант од ресорното министерство.

– Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за зашитита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично – се вели во реакцијата од МОН, при што даваат дека нивните системите се соодветно заштитени.

Македонскиот експерт за сајбер безбедност, Сенад Аруч, на својот Твитер профил објави комуникација со хакерите кои го хакираа веб сајтот на МОН. Според разговорот, истите тврдат дека хакирале и други државни сајтови за што ќе објават докази во следниот период.

– Успеав да стапам во контакт со хакерите кои тврдат дека го хакирале МОН и тие споделија „скриншот“ што го направиле за време на нападот. Како што велат тие, имало напади и на други институции и дека наскоро ќе ги објават деталите – вели Аруч во својата објава.

Додека речиси сите нашите институции се пофалија дека безбедносните системи се во добра „форма“ и се спречуваат сите хакерски напади, пристигна нова посериозна закана од хакерската група „Моќната грчка армија“.

– #OpenEndMacedonia продолжува – Крајот на С. Македонија/Скопје како и да ја наречете во сајбер просторот е близу, ќе ја избришеме нивната земја од интернет. Нивните најважни министерства и владини портали се веќе погодени, се очекуваат повеќе. Не се плеткајте со најдобрата група #PGA – стои во твитот објавен пред повеќе од 15 часа.

Извор: Плус Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби до Силјановска: Време е да запрат…

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за…

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти…

„Истите оние што заедно сценираа конфликти и…