Вучиќ се сретна со Петков: Се зајакнува соработката меѓу двете држави
Претседателот Александар Вучиќ денеска се сретна со премиерот на Бугарија Кирил Петков, со кого разговараше за билатералните односи, зајакнувањето на енергетската соработка меѓу двете земји, како и инфраструктурни и економски прашања од заеднички интерес.
Вучиќ посочи дека проектот за гасоводот Баклански ток е од суштинско значење за соработката и развојот на регионот и дека почетокот на изградбата на интерконектор за гас во Димитровград ќе обезбеди сигурно снабдување со гас и диверзификација на изборите за снабдување.
Двајцата соговорници констатираа дека завршувањето на изградбата на интерконекторот меѓу Србија, Бугарија и Грција ќе придонесе за уште поголема стабилност и енергетска безбедност во регионот.
Претседателот му се заблагодари на бугарскиот премиер за неговото искрено пријателство и целосна посветеност на развојот на блиските соседски односи меѓу двете земји.
Петков предложи и интензивирање на соработката меѓу српските и бугарските бизнисмени и експерти од областа на информатичките технологии, како и формирање балкански стартап компании.
„Нашите пазари се мали, затоа треба да работиме заедно на подобри перформанси на трети пазари, но и да размислиме за создавање нов балкански центар за информатичка технологија“, рече Петков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…
Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…
(Видео) СНС на Вучиќ прогласи победа на…
Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните…
Вучиќ по затворање на гласачките места: Резултатите…
Претседателот Александар Вучиќ вечерва кратко зборуваше пред…
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…