Најновите истражувања покажуваат дека витаминот Д е клучен во зашититата од коронавирусот

t

Студијата објавена во списанието PLOS One покажа дека околу половина од луѓето на кои им недостасува витамин Д развиле тешка форма на болест на ковид-19, во споредба со помалку од 10 проценти од луѓето кои имале доволно нивоа на витаминот во нивната крв.

Знаеме дека витаминот Д е од големо значење за здравјето на коските, но неговата улога во заштитата од тешката форма на ковид-19 е помалку позната. Најновата студија е прва што ги испитува нивоата на витамин Д кај поединци пред да се заразат со Ковид-19, велат авторите на студијата.

„Откривме дека е неверојатно да се види разликата од ризикот од сериозно разболување на лице кога има недостаток на витамин Д во споредба кога лицето има доволно ниво на овој витамин“, велат авторите на студијата.

Авторите велат дека резултатите сугерираат дека витаминот Д помага да се зајакне имунолошкиот систем за да се справи со вирусите кои го напаѓаат респираторниот систем. „Ова е релевантно за омикрон како и за претходните соеви“, велат тие.

Истражувањата не докажуваат дека витаминот Д штити од ковид-19 и не е зелено светло за избегнување вакцини. Вакцините го намалуваат ризикот од хоспитализација поради омикрон, особено по засилената доза, до 90 отсто, според Британската агенција за здравствена безбедност.

Повеќето витамин Д доаѓа од директното изложување на кожата на сончева светлина. Го има и во храната како што се мрсната риба, печурките и жолчките од јајце, како и суплементите, објави Сајенс Алерт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…