Зошто луѓето се дебелеат откако ќе ги остават цигарите?
Сигурно сте забележале од лично или од туѓо искуство дека поголемиот број од луѓето ја зголемуваат нивната телесна тежина откако ќе ги остават цигарите.
Грчките научници потврдиле дека кај лицата кои неодамна престанале да пушат е потребно повеќе време да се намали нивото на грелин (односно хормонот на глад) во желудникот.
По оброкот, кога сме јаделе доволно, доаѓа до намалување на овој хормон и тогаш мозокот добива сигнал дека сме најадени.
Меѓутоа, доколку нивото на грелин останува покачен подолго време, подолго ќе јадеме и на тој начин ќе внесеме поголема количина на храна.
Токму поради ова откако ќе се престане со пушење се зголемува апетитот и со самото тоа дневното внесување на калории, поради што најчесто доаѓа до зголемување на телесната тежина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стануваме ли дебела нација? Секој трет ученик…
Дебелината во Македонија веќе не е тема…
Царината спречи обид за шверц на 5.200…
Секторот за контрола и истраги при Царинската…
Македонија има најбрз интернет во регионот
Македонија има најбрз интернет во регионот, а…
Цигарите поскапеа за 10 денари, два месеци…
Дел од цигарите во Македонија веќе поскапеа…
Родители! Оставете го смартфоните и посветете се…
Сите студии ја покажуваат штетноста од зјапањето…