Турција ќе ја освојува вселената: Видете каков план имаат
Претседателот на Турската вселенска агенција (ТУА) Сердар Хусеин Јилдирим вели дека одењето на Месечината е важна цел на турската Национална вселенска програма.
Имено, во тек е производството на вселенски брод кој Турција ќе го испрати на Месечината за две години.
Нагласувајќи дека вселенската програма ќе влијае на создавање помодерна Турција, Јилдирим рече:
„Беспилотното возило кое за две години ќе не однесе на Месечината е во фаза на производство. Неговиот мотор е 100 проценти домашен, хибриден ракетен мотор. Моторот е подготвен. Нејзината интеграција и адаптација во просторот е во процес. Тестовите продолжуваат“, пренесува Б92.
Турција ќе остави трага на Месечината, рече тој.
Нашето знаме нека се вее на Месечината, нека остане на нејзината површина“, рекол тој, пренесува порталот trt.net.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Пожарите во Македонија се гледаат од вселената
Големите пожари кои со денови беснеат на…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…