СЕ ПРАВАТ ЛИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЗА ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ: Филипче пред да си замине од министерството ги спуштил критериумите за приватните здравствени установи

t

Во услови на пандемија од Ковид-19 кога сите здравствени установи го зголемуваат кадарот и обезбедуваат подобри услови за работа, со цел да одговорат на специфичните потреби на пациентите, но и да ги заштитат своите вработени, Министерството за здравство го менува правилникот за потребен простор, опрема и стручен кадар за основање, почеток со работа и вршење на здравствена дејност во здравствените установи донесен во 2013 година.

Ако пред 9 години услов на општите болници бил да се обезбедат најмалку двајца доктори од одредена специјалност на секои 15 легла, сега за лични интереси министерот за здравство Венко Филипче пред да си замине го намали бројот на потребен кадар од двајца на еден доктор специјалист, а го зголеми капацитетот за прием на пациенти за три пати, односно сега еден доктор ќе биде одговорен за 20 пациенти.

Дел од најголемите приватни болници имаат по 20 доктори педијатри или гинеколози на еден оддел, министерот пред заминување одлучува дека е доволен само еден доктор за да се отвори оддел за детски болести, педијатрија, урологија, неврохирургија, ортопедија очни болести, а за одделите внатрешни болести, хируршки болести, анестезија и реанимација, радиолошка дијагностика еден редовен доктор и уште еден кој ќе биде ангажиран со договор за дополнителна дејност.

Венко Филипче овие измени на законот за потребен простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствена дејност во здравствените установи ги донесе пред да си оди од оваа позиција, а истите стапија на сила од 11 јануари 2022 година. Се поставува прашањето за кого се прават овие измени и чии лични интереси треба да се задоволат? Си прави ли простор поранешниот министер за отворање на сопствен бизнис? И дали еден доктор може да одговори на барањето на 20 различни пациенти?

Многу прашања остануваат без одговори – а едно од нив е и тоа како приватни болници без ниту еден вработен инфектолог можат да сместуваат и лекуваат Ковид-пациенти и да замаат и по 10.000 евра, а пациентите да ги лекува кардиолог? Дали познат кардиохиругот поднел барање за одобрување и регистрација на оддел со доказ за простор, услови и кадар до Министерството за здравство?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…