Фершпед бара на Никоб да му се одземе дозволата за обезбедување: Газдата пијан, дрогиран и вооружен демолирал познат скопски хотел
Во јули месец минатата година управителот на Никоб, Кирил Лазаров заедно со четири вооружени лица физички нападнал вработени во Хотелот Александар Палас, а демолирал и дел од инвентарот на хотелот.
Лазаров најпрвин го нападнал својот вработен кој го обезбедувал хотелот на барање на компанијата Фершпед АД Скопје.

Под дејство на алкохол и наркотици, управителот на Никоб потоа се упатил кон фоајето на хотелот каде нападнал неколку вработени фрлајќи со предмети по нив, а еден од нив физички го нападнал и му ја скинал униформата.
Потоа Лазаров со неколку вооружени лица го напуштил хотелот и оштетиле чуварската куќичка во близина на рампата, ја уништиле безбедносната камера, но и ја искршиле влезната рампа.

Лазаров наместо соогласно договорот да го обезбедува и зашитува имотот на Фершпед АД Скопје тој истиот го демолирал и нанел штета на компанијата. Тој ја загрозил и безбедноста на гостите во хотелот, го нарушил угледот на хотелот, а дел од гостите по инцидентот си заминале од Александар Палас.
Непрофесионалноста на Лазаров, односно компанијата Никоб оди дотаму што речиси целата вечер поради инцидентите хотелот Александар Палас бил оставен без никакво обезбедување.
Токму поради целиот случај компанијата Ферпшед се обратила до Комората за обезбедување на лица и имот и ја известиле за однесувањето на една од нејзините членки.
Од Комората, Ферпшед бара да се спроведе соодветна постапка против Лазаров, но и неговата компанија поради прекршување на законските одредби од Законот за обезбедување на лица и имот.
Клучното барање на Ферпшед е да се одземе лиценцата за вршење на обезбедување од компанијата Никоб.
-Со погоре опишаното бараме вие како орган за управување во Комората на РСМ за обезбедување на лица и имот да го повикате овластеното лице Кирил Лазаров на НИКОБ ДОО Скопје и да поведете соодветна постапка поради прекршување на законските одредби од Законот за обезбедување на лица и имот и да ги разгледате условите за одземање на лиценцата која ја има оваа гаенција за обавување на дејност заштита на лица и имот, бидејќи очигледно истата ја обавува непрофесионално и постапува спротивно на одредбите на Законот за обезбедување на лица и имот, стои во известување од Фершпед.
Инаку во 2018-та година македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, основач и сопственик на Националната агенција за обезбедување на лица и имот (НИКОБ) дојде на чело на Македонско – бугарската стопанска комора со која претседаваше во следните две години. На настанот присуствуваше речиси целиот државен врв на чело со тогашниот премиер Зоран Заев.

Тој тогаш посочи дека потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија за бизнисмените претставува дополнителен мотив за развој и подобрување на бизнис климата помеѓу двете држави, а воедно и темел за понатамошниот стратешки развој на Македонско – бугарската стопанска комора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сојуз на борци од Тетово: Не смее…
Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…
Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…
Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…
Туск: Русија подготвува ескалација во Украина и…
Полскиот премиер Доналд Туск денес во Олстин…
Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Уапсен 76 годишен дедо: Бил агресивен кон…
На 28.08.2026 во 00:30 часот во Струмица,…