„Нападот се поизвесен, Русија ќе плати висока цена“: Најостра закана од седиштето на НАТО
Русија мора да избере помеѓу дипломатско решение на кризата околу Украина или соочување со економски санкции, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Од друга страна, во источните земји на Алијансата има зголемено воено присуство на силите на НАТО.
„Русија има избор: може да избере дипломатско решение, но ако изберат конфронтација, ќе платат висока цена“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон во Брисел, пренесува Ројтерс.
Тој предупреди дека ќе има економски санкции и зголемено воено присуство на НАТО во источниот дел на Алијансата и дека Велика Британија е навистина важен дел од тоа.
Како одговор на прашање на новинар на Би-Би-Си, Џонсон процени дека украинската армија моментално има 200.000 војници.
„Сакам само да нагласам дека би било апсолутна катастрофа доколку има војна на украинска територија, како и дека ќе има сериозно крвопролевање“, предупреди британскиот премиер.
Тој рече дека луѓето во Русија мора да размислат и дали е разумно, како што наведе, ќе се пролее крвта на руските војници во војната, што според него би било катастрофално.
Се зголемува бројот на руски војници на украинската граница, а можниот напад е се поизвесен, изјави Столтенберг.
„Ова се опасни времиња за европската безбедност“, рече Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција.
„Бројот на руски војници се зголемува. Можниот напад е се поизвесен“, предупреди тој.
„НАТО не е закана за Русија, но мораме да бидеме подготвени за најлошото, додека веруваме во политичко решение“, нагласи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сојуз на борци од Тетово: Не смее…
Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…
Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…
Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…
Туск: Русија подготвува ескалација во Украина и…
Полскиот премиер Доналд Туск денес во Олстин…
Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Уапсен 76 годишен дедо: Бил агресивен кон…
На 28.08.2026 во 00:30 часот во Струмица,…