Огромни притисоци пред утрешното рочиште за Титаник: Се врбуваат невини луѓе да признаат вина за да се спасат кариерите на Стефанова и Ковачевски

t

Огромни притисоци се вршат кон обвинетите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ во случајот Титаник.

Целта на притисоците, односно заканите и уцените кон обвинетите во случајот се во насока голем дел од обвинетите да признаат вина на утрешното рочиште.

Според нашите информации одговорна за притисоците врз обвинетите се лично обвинителката на поранешното СЈО, Лиле Стефанова, но и екс премиерот Зоран Заев.

Поентата на овие признанија на вина е најпрво ПР ефектот кој и е очаено потребен на Владата на Димитар Ковачевски во ситуација кога Македонија е економски, здравствено и енергетски клекната на колена.

Стефанова пак е до гуша заглавена во предмети кои се базирани само на политички прогон, без докази и суштина, чија единствена цел своевремено беше да се извалка името на опозициските функционери во јавноста.

Овие признанија би требало да ја спасат карирерата на обвинителката од Радовиш и да му пресудат на ВМРО-ДПМНЕ.

За овие невистините признанија, Инфомакс дознава дека Стефанова и екс премиерот не бирале начин, односно се користеле со крајно сурови методи за да ги клекнат на колена овие луѓе и невини да признаат вина.

Стефанова на дел од обвинетите им се заканувала со притвори и драконски казни во други предмети кои потекнуваат од поранешното СЈО. Не само што се заканувала туку нудела и во други предмети олеснувања за обвинетите, односно народски кажано тргувала со правдата нешто што е препознатлива карактеристика на целото СЈО и поради што Катица Јанева заврши зад решетки.

Приказната не завршува тука бидејќи а дел од обвинетите добиле закани дека ќе бидат отворени нови случаи против нив.

За да на јавноста и биде јасен степенот на тортура кои овие луѓе го минаа или низ кој минуваат изминативе години треба да се напомене дека за само неколку месеци од денес, судот во Стразбур треба да донесе одлука по однос на аболицијата на Иванов.

Најдоцна во април/мај месец меѓународниот суд за човекови права во Стразбур речиси сигурно ќе пресуди во корист на сите обвинети на СЈО и тие ќе бидат на слобода бидејќи никаде во демократскиот свет аболиција дадена од претседателот не може да биде повлечена, токму за да се спречи политички прогон.

Имајќи ја во предвид пошироката слика и пресудата на Стразбур малкумината кои го прифатиле гамбитот на Стефанова само би си наштетиле себе си во иднина.

Сепак Инфомакс дознава дека голем број од обвинетите во случајот не подлегнале под уцените на Стефанов, а утре ќе се изјаснат како невини и ќе се бранат во наредните рочишта со голем број докази и сведоштва кој ја докажуваат нивната невиност.

Дека нешто не е како што треба потврдува и фактот дека истите овие обвинети кои утре би признале вина, повеќе од 5 години го негирале делот и не ја признале својата вина во случајот.

Да потсетиме дека случајот Титаник се однесува на наводни изборни измами, но поради недостатокот на докази и постојаните одлагања на рочиштата за 14 обвинети во случајот минатата година застаре едно од делата за кои се гонеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА вечерва кај скопската обиколница

Тешк сообраќајна несреќа вечерва се случила кај…

(Видео) Ставете појаси, спремете коленца, „Тешки Мубаети“…

Драги наши читатели и гледачи, наскоро почнуваме…

Петровска до Мицкоски: Претходно ме клеветевте, сега…

Пишува Славјанка Петровска на социјалните мрежи: Ме…

Борел: Операцијата на Украина во правец на…

Офанзивната операција на украинската армија во правец…

НАСИЛНО ЈА ВНЕЛ ВО ВОЗИЛО И ЈА…

Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка…