Села: Заев газеше врз мојата крв, тоа што сме опозиција е негова одлука

t

Експремиерот Зоран Заев прв газеше врз мојата крв, па тоа што сме опозиција е негова одлука, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, алудирајќи на настаните од 27 април 2017 година.

Одлуката на Алијанса за Албанците и на ВМРО-ДПМНЕ да бидат опозиција всушност беше одлука на самиот Заев, односно на човекот кој прв ја згазна мојата крв – истакна Села во емисијата „Вин-вин“ на Телма

Села додаде дека неговата партија се противи на укинувањето на Пржинската влада, оти, како што изјави, Пржинската влада не си ја извршила функцијата за да може да биде укината.

Тој посочи дека не планира вечно да биде претседател на Алијанса за Албанците.

За мене е многу важно мислењето на членството на Алијанса за Албанците и не сакам по секоја цена да бидам претседател на партијата. Јас не бегам од одговорност и јас не креирав партија од нула. Не планирам доживотно да бидам партиски лидер. И во статутот на партијата е јасно наведено дека претседател може да се биде само два мандати, а потоа си заминуваш – изјави Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…

Во ноември 2021 година се издадени 406…

(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…

Ковачевски нema никаков легитимитет, вели Села

Зијадин Села нема да поднесе оставка од…