(Видео) Извршители наплатуваат од човек кој се бори за живот на Клиника – продале и туѓ имот, драма во скопско Сопиште

t

Вистинска драма се случуваше утринава во скопско Сопиште откако извршители продале туѓ имот за да наплатат долг.

Се работи за наводен долг од околу 20-тина илјади евра за кој е продадена цела семејна куќа по продажна цена од 160 илјади евра.

За трагедијата да е уште поголемо сопругот на Снежана Костадниовска Милошевска кој се јавува како должник во моментов се наоѓа во болница и се бори за својот живот.

Снежана тврди дека таков долг од 1,5 милиони денари кон оредена финансиска инстуција не постои, а за тоа семејството ги има сите докази.

Ситуацијата е суреална имајќи во предвид дека семејната куќа која извршителот на јавно надавање ја продал во само една третина припаѓа на сопругот на Снежана, а останатите две третини се на неговата сопруга.

Тоа значи дека извршителот отуѓил имот кој не е во сопственот на доверителот.

Инфомакс редовно објавува за самоволието на извршителите кои не почитуваат судски одлуки.

За конкретниот случај извршителот добил судско известување дека куќата не е само во сопственост на сопругот на Снежана, но и покрај тоа замислете го продал имотот бидејќи состојбата не била заведена во катастер.

Koстадиновска открива дека прв бранител на семејството бил кумот на Драги Рашковски. Таа обвинува дека семејството била наместено од претходниот адвокат бидејќи има туѓи интереси и оти кај куќата треба да минува некаков цевковод.

Интересно е што извршителот го продава имотот по цена од 160 илјади евра иако истиот е проценет по пазарна вредност од 350 илјади евра.

Професорката реагира дека упадот на извршителите е противзаконски и упатува на судска пресуда според која таа е сопственик на дел од имотот кој не смее да биде запленет.

Изворите упатуваат дека во скандалот за заплена на домот на професорката и нејзино дисциплинирање, вмешан е човек од највисоките ешалони на власта и многу близок соработник на екс премиерот Зоран Заев.

Погледнете што се случуваше утринава во Сопиште:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состојба на зголемена готовност во Атина поради…

Атина е во состојба на зголемена готовност…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Изгаснат пожарот на дабова шума во липковско…

Изгаснат е пожарот на дабова шума во…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…