Објавено на:

Ударна вест – Дали почнува војна? Американска подморница недозволено влегла во водите на Русија

t

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека подморница на американската морнарица од типот „Вирџинија“ била забележана во територијалните води на Русија на 12 февруари во областа на Курилскиот остров Уруп.

Како што беше прецизирано, руската Пацифичка флота одржала планирани воени вежби на тоа подрачје.

Се посочува дека екипажот на американската подморница добил порака и на руски и на англиски јазик во режимот на звучна подводна комуникација: „Вие сте во територијалните води на Русија. Излезете веднаш!“ Меѓутоа, барањето на руската страна беше игнорирано.

„Во согласност со упатствата за заштита на државната граница на Русија во подводна средина, екипажот на фрегатата на Тихоокеанската флота „Маршал Шапошников“ примени соодветни средства“, се наведува во соопштението.
После тоа, американската подморница ги напушти руските води.

По инцидентот со американската подморница, одредот на бродови на руската Пацифичка флота продолжи со планираните вежби што ги изведува на тој простор.

Поради нарушување на руската државна граница, Министерството за одбрана на Русија повика на разговор меѓу американското воено аташе во Москва.

Нуклеарните подморници од класата Вирџинија со ракетно и торпедо оружје се во служба на американската морнарица од 2004 година. Поместувањето на подморницата е околу 8.000 тони, а просечната брзина е над 25 јазли.

Во оружјата спаѓаат ракетите „Томахавк“ и торпедата Mk.48 „ADCAP“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…

Русија евакуира цивили по навлегувањето на украинските…

Русија денеска евакуираше цивили од делови на…

Украинските војници заробија нов руски тенк во…

Украинските војници успешно заробија најсовремен руски тенк…

(Видео) Украински командант: Освоивме 1.000 квадратни километри…

Главниот воен командант на Украина рече дека…

Трамп го тужи американското Министерство за правда!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе го…