Објавено на:

Западот хистеричен – Русија си гледа сеир: Помошникот на Путин го коментира телефонскиот разговор Путин-Бајден

t

Хистеријата поради руската „инвазија“ на Украина го достигна својот врв, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков по телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и американскиот претседател Џозеф Бајден.

Тој додаде дека американскиот лидер рекол дека двете земји треба да направат се за да се избегне најлошото сценарио во случајот со Украина.
„Притисокот на темата инвазија беше координиран и хистеријата го достигна својот врв“, изјави Ушаков за новинарите.

Кога станува збор за преместување на единиците на руската армија на територијата на Русија, тензијата расте веќе неколку месеци, а во последните денови и часови ситуацијата е доведена до апсурд, изјави помошникот на Путин.

Тој исто така посочи дека американската страна иницирала разговор со Путин врз основа на веројатноста за руска „инвазија“ на Украина.

„Врз основа на вакво катастрофално сценарио, американската страна го побара денешниот телефонски разговор, иако беше планирано да се случи на почетокот на следната недела, поточно во понеделник“, објасни Ушаков.

Тој наведе и дека Путин за време на разговорот потсетил на историјата на односите меѓу САД, НАТО и Русија.

„Путин помина низ историјата на односите меѓу САД, НАТО и Русија, што на крајот доведе до актуелната криза. Тој истакна дека СССР и Америка биле апсолутни противници за време на Студената војна, но дека, на пример, биле нешто како пријатели во 1990-тите, но дека и тогаш САД и НАТО имале крајно неконструктивен однос кон Русија. Тогаш започна практичното проширување на сферата на активностите на НАТО, тогаш беа примени нови членки и Алијансата се приближи до границите на Русија“, раскажува Ушаков.

Како што наведе, Бајден во разговорот рекол дека Америка и Русија се конкуренти, но дека мора да направат се за да се избегне најлошото сценарио во врска со Украина.

„Бајден рече дека нашите две големи земји сè уште се конкуренти, но дека мора да направат се за да ја поддржат стабилноста и безбедноста во целиот свет, како и да дадат се од себе за да се избегне најлошото сценарио во контекст на актуелната ситуација околу Украина. “, рече тој.

Очекувано, американскиот претседател на разговорите спомна можни антируски санкции, но акцентот не беше на тоа прашање.

Ушаков додаде дека разговорот меѓу двајцата лидери бил избалансиран и деловен, дека траел повеќе од еден час и дека се одвивал во околности на невидена тензија и хистерија на американските претставници за наводниот неизбежен напад на Русија врз Украина.

Според него, во светло на ескалацијата околу наводната руска инвазија на Украина, многу светски лидери побарале телефонски разговор со Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…