Резил- американски носач се закотви во Сплит: Морнарите бараат жени ама и мажи за „дружба“
Повеќе од 5.000 морнари од американскиот носач на авиони USS “Harry S. Truman” овие денови престојуваат во Сплит. За американските маринци и остатокот од екипата од бродот се подготвија сплитските угостители, а изгледа дека момчињата бараат и очекуваат само добра забава во Сплит.
По нивното доаѓање во Хрватска, Тиндер експлодира, пишува „Слободна Далмација“, Американците бараат партнерки, но и партнери на Тиндер.
„Би сакал да запознаам млада и згодна Хрватка, немам сместување“, пишува еден афроамерикански морнар на една од апликациите за состаноци.
„Барам сериозни жени за допишување“, напиша момче на возраст од 23 години кој бара жени постари од 40.
„Има ли некоја згодна млада Хрватка да се запознаеме и да ми го покаже градот“, се пишува по Тиндер.
„Маж сум, ги сакам сите спортови и барам исто така спортски силни мажи за забава. Немам сместување“, напиша уште еден афроамериканец кој наведува дека е морнар на бродот USS “Harry S. Truman”.
„Барам мускулести мажи, овде сум неколку дена. Допишување за почеток. Може некој да ми го покаже градот, заедно да одиме во некоја теретана“, додава друг морнар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три активни пожари и четири под контрола,…
На ден 25/26.08.2026 година, до 07:30 часот,…
Денес сончево и топло до 37 степени,…
Денес времето ќе биде сончево и топло,…
Трамп ги стопираше термините за визи од…
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, привремено…
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…