Објавено на:

Масовно откажување на летови за Украина

t

Авионите кои патуваат низ украинскиот воздушен простор од утре, 14 февруари, нема да бидат осигурани од меѓународни осигурителни компании, поради што летовите ќе бидат приземјени или откажани, пишува Украинска Правда, повикувајќи се на извори од воздухопловната индустрија.

Анатолиј Иванцив, шеф на украинската осигурителна компанија Експо, за Интерфакс изјави дека британската осигурителна компанија Лоидс објави дека „привремено ќе го прекине издавањето на полиси за осигурување за летови над украинскиот воздушен простор од утре“, поради ризикот од руска инвазија на Украина.

Украинското Министерство за инфраструктура денеска соопшти дека ќе обезбеди „дополнителни финансиски гаранции“ за превозниците со цел да се обезбеди продолжување на меѓународните летови.

„Ако е потребно, владата ќе обезбеди враќање на сите Украинци од странство“, соопшти Министерството.

Укинувањето на полисата за осигурување веројатно ќе значи дека украинските авиокомпании, кои ги изнајмуваат речиси сите авиони, нема да можат да летаат над Украина.

Холандската авиокомпанија KLM вчера ги откажа сите летови за Киев, додека истиот ден украинскиот авиопревозник SkiUp беше принуден да го пренасочи летот кон Молдавија бидејќи лизинг-компанијата која го поседуваше авионот одби да го пушти во воздушниот простор на Украина.

Ова се последиците од растечките тензии долж границите на Украина со Русија и Белорусија. Русија стационираше околу 140.000 војници долж источната, јужната и северната граница на Украина, а владата на САД сега предупредува дека заканата од инвазија е „непосредна“.

За време на прес-конференцијата на 11 февруари, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан предупреди дека инвазијата на Украина може да започне во секое време и најверојатно ќе започне со „воздушно бомбардирање и ракетни напади“ кои се закануваат да убијат цивили без оглед на нивната националност.

Меѓународните стравувања од голема руска инвазија спредизвикаа да се затворат транспортните патишта од Украина. Avionews предупреди дека Украина наскоро би можела да стане „зона на забранети летови“ поради откажувањето на комерцијалните летови во Украина.

Според изданието, доколку не се постигне договор меѓу украинското Министерство за инфраструктура и меѓународните осигурителни компании и авиокомпании, Украина постепено ќе биде затворена за воздушниот сообраќај.

Украинската влада продолжува да инсистира дека не гледа причина да го затвори украинскиот воздушен простор за комерцијален сообраќај. Советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак во неделата за Ројтерс изјави дека затворањето на украинскиот воздушен простор е „глупост“ и слично на „делумна блокада“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се сеќавате на Ванхојте? Сега ќе ни…

Белгијанецот Питер Ванхојте кој беше многу активен…

Обид за кражба на изборен материјал во…

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар…

ЛШ: Ќе издржи ли Борусија вечерва на…

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите…

Во израелските напади оштетени или уништени се…

Од почетокот на војната помеѓу Израел и…

Скопјанка нападната од поранешниот сопруг, Бугаринот е…

Денеска (07.05.2024) во 00:30 часот, полициски службеници…