АД ЕСМ: Производството на електрична енергија тече без проблеми, парното греење ќе се нормализира

t

Производството на електрична енергија од АД ЕСМ тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби. Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор, велат од АД ЕСМ.

„Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот.

Што се однесува до системот за парно греење во Скопје, прекинот е настанат поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите. Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање, со што се очекува во текот на вечерта греењето да се врати во нормала. Во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица“, велат од ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

ЕСМ ќе се задолжи 30 милиони евра…

Државната енергетска компанија „Електрани на Северна Македонија“…

Мециновиќ до Лабудовиќ: Дали ќе ги разрешите…

Како причина за крахот на 18 мај…

ЕСМ изнајмува механизација за РЕК Битола за…

АД ЕСМ изнајмува машини за потребите на…

Неофицијално: Ова се дел од имињата опфатени…

Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и…