(Видео) Македонските иселеници да се вратат дома: Ние сме еколошка држава, гасиме струја во пола Македонија – само Владата имаше струја

t

Во втората епизода од втората сезона на Тешки муабети на Инфомакс со Милош Милошесвки и Јанко Илковски најактуелна тема беше прекинот на снабдување на струја во половина од домаќинствата во Македонија.

Милошевски ја коментираше пропагандата на власта дека нема да има рестрикции на струја, посочувајќи дека денешниот инцидент е поради набавката на поголема количина на електрична енергија од странство.

“Македонците од странство добија уште една причина да се вратат дома, ние сме еколошка држава, ја гасиме струјата во цела држава, штитиме природа, еве сега климата почна да работи… Целата владина пропаганда се држеше околу тоа дека нема да има рестрикции за струја оваа година, веројатно имало потреба поради недостаток да се набави огромна количина наеднаш и затоа настанува експлозија. Целата електрична мрежа на Македонија е застарена, некој треба да ја одржува. Пожарите летото во истокот на Македонија беа поради електричната мрежа која е застарена“, истакна Милош.

“Гледам нешто сте ми бледи како да сте биле во темница. Звукот од експлозијата е морбиден. Ова не е цевка за струја па да има поплава, веројатно е пуштено пивеќе од што имала таа линија капацитете. Народот не го интересира која и чија е ингеренцијата, народот очекува решение од некого, не да си играат пинг-понг.” – рече Јанко.

Митовски потсети дека одговорна за ситуацијата е Радмила Шекеринска, односно нејзиниот бонбона бизнис со кој се приватизираше дел од институцијата.

“Најмногу треба да и се заблагодариме Радмила Шеќеринска која направи бомбона бизнис, ја подели клучната институција во државата ја подели на три, се приватизираше еден дел и еве сега што се случува.. Имаше екслозија на далеководот Ниш-Штип. МЕПСО и ЕВН набавиле струја поради домашниот недостатот на струја преку трасата Ниш-Штип, ја увезуваат целата струја наеднаш, околу 400 мегават часови, во тој момент оние кои се разбираат од напон кажуваат дека експлодирал кондензаторот и се случи затемнување на цела Македонија. Веројатно од преголем напон наеднаш настанала експлозијата. Единствено во Скопје пред еден сата имаше струја во Владата.” – објасни Александар Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…