(Видео) Негативната селекција нѐ уништува: Овде марсовци да дојдат нема да ја решат ситуацијата

t

Во втората епизода од Тешки муабети со Милош Милошевски и Јанко Илковски на Инфомакс се искоментира ситуацијата во правосудството, како поврзување на функционалноста на институциите, а поттикнато од денешниот прекин со снабдување на струја во голем дел од државата.

“Кога експлодираше далноводот во Бунарџик се запали трафостаница во Пинтија, за среќа имаше брза реакција на пожарникарите кои го изгасија пожарот и спречија поголема штетеа. Тоа се луѓе кои во нашето општество се потценети, цела деценија им требаше да потпишат колективен договор, тоа го овозможи Данела па еве сега нека зборуваат. Ние одиме со негативна селекција цело време. Што треба да станеш за да станеш пеф на Јавното обвинителство? Колку пати треба да ја свиткаш кичмата и да замижиш пред криминал? Нас така ни е поставен системот, секој гледа како да му ја дувне од државава, секој што ќе се истакне со своето знаење и интелигензија е шиканиран.” – рече Милош.

Јанко потсети на неговата емисија пред неколку дена кога гостин му беше Јани Бојаџи, чиј филм е забранет за да не ја наруши евроинтеграцијата.
“Пред некој ден гостин ми беше Јани Бојаџи, човекот чиј филм Ругање со Христос е забранет исто како и Трето полувреме за да не ни го нарушат патот кон ЕУ. Има еден филм Магнолија во кој глуми и Том Круз, филмот е феноменален, таму има приказна долга но филмот завршува така што во тоа место врнат жаби и никој не може да го реши проблемот. Сакам да кажам таму завршува со апсурд, а овде не знам како ќе заврши оваа приказна.
Ќе се смени власта, за брзо време, ама колку ќе бидат способни новите да ги решат овие проблеми и да го решат апсурдот. Видеото што го објавивте мислев дека е разрешница, еве почнаа пожари нови, истакна Јанко


Овде марсовец да дојде не може да ја разреши ситуацијата, само тонеме.” – вели Јанко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ