Македонија ќе добие забрана да го слави 11 октомври? – Бугарски европратеник со нов услов за членство во Европската Унија!
На пример, таму се уште е како празник, како што го нарекуваат, кога пукнала првата пушка против Бугарите во октомври месец. Ако ништо не смениш од претходниот режим на Титова Југославија не може со истата идеологија да влезеш во ЕУ, зашто таа идеологија е директно насочена против друга земја членка на ЕУ.
Ова меѓу другото во утринската емисија на БТВ го истакна европратеникот од редовите на веќе опозициската ГЕРБ, Андреј Ковачев.
-Ние треба да сме заедно, како рамноправни членки на ЕУ, но нашите млади поколенија не треба да стекнуваат образование кое води кон омраза меѓу нив. Тоа не можеме да го прифатиме, тоа е основна европска вредност, дел од основните Копенхашки критериуми, изјави Ковачев.
Според него, треба да се намали говорот на омраза, што доаѓа од учебниците, медиумите и академските средини во с.Македонија.
-Образовниот систем и медиумите во с.Македонија треба да почнат да ја објективизираат нашата заедничка бугарска историја. Тоа е во името на нашата заедничка европска иднина. Нема како да ја поддржиме сегашната идеолошка основа на с.Македонија, додаде уште Ковачев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…