Засилени контроли и санкции: Град Скопје во акција по намерното расфрлање ѓубре по улиците
Од Град Скопје известија дека деновиве има засилени контроли на терен на градските комунални редари.
“Комуналните редари на Град Скопје периодов вршат засилени контроли на терен, при што се изречени 32 казни за прекршување на Законот за јавна чистота. Покрај редовните контроли во урбаниот дел на градот, комуналните редари вршат и вондредни контроли и во руралниот дел на градот за да се спречи создавање диви депонии.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.
Викендов беше забележано намерно уништување на садовите за отпад и расфрлање на отпадот од несовесни поединци.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат садовите за отпад поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одржување на јавната хигиена. Садовите за отпад се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета.
Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз садовите за отпад и врз другата урбана опрема за да се одржи комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти.” – пишуваат од Град Скопје на Фејсбук страната на Градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…