И Грција ги повика нејзините државјани да ја напуштат Украина
Грчкото Министерство за надворешни работи денеска испрати препорака до грчките граѓани кои се во Украина веднаш да ја напуштат таа земја.
– Министерството за надворешни работи силно ги обесхрабрува сите патувања на територијата на Украина, а истовремено им препорачува на грчките граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата – се наведува во соопштението на грчкото Министерство, а пренесува порталот Катимерини.
Најавено е и дека персоналот на грчката амбасада во Киев е намален до степен што се смета за неопходен, но дека ќе се зголеми бројот на вработени во Генералниот конзулат во Мариупол.
Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави и околу 20 други земји ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина поради ескалацијата на тензиите меѓу официјален Киев и Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…