Што го предизвикува чувството на “пеперутки во стомакот” кога сте заљубени?
Чувството на „пеперутки во стомакот“ за време на љубовта е реакција на нервниот систем поврзана со зголемено ниво на хормони на среќата, што може да се појави дури и кога ќе помислиме на нешто убаво, изјави руската докторка Катарина Шереметјева.
„Од медицинска гледна точка, тоа е реакција на симпатичкиот нервен систем поврзана со зголемено ниво на ендорфин и други хормони на среќата, што го зголемува протокот на крв во абдоминалните органи. Овие хормони се лачат не само поради влијанието на надворешните фактори, туку и поради пријатните сеќавања“, објаснува ендокринологот.
Влијанието на хормоните врз љубовта и заљубеноста е неспорно, вели Шереметјев, додавајќи дека на појавата на овие чувства кај мажите и жените влијаат тестостеронот, естрогенот, окситоцинот, ендорфините, допаминот, адреналинот, серотонинот и вазопресинот.
Во врска со ова, рускиот лекар објасни дека тестостеронот влијае на сексуалната желба и еротските фантазии, а естрогенот придонесува за сексуално задоволство и зголемено либидо. Окситоцинот е познат како хормон на гушкање, заљубување, љубов, привлечност и доверба и тој е оној кој ги поттикнува луѓето да се бакнуваат.
Благодарение на неврохормонот допамин, човекот доживува позитивни емоции, а адреналинот предизвикува морници и наплив на емоции кога човекот ќе види партнер, додаде таа.
„Хормонот вазопресин е одговорен за изразување на љубов и наклонетост кога станува збор за зрела љубов, а ендорфините се „молекули на долготрајните љубовни врски“, изјави Шереметјева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што го предизвикува чувството на “пеперутки во…
Чувството на „пеперутки во стомакот“ за време…